Дизелот поскапува, цените на бензините остануваат исти

61

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат исти, односно цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,5 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,5 денари за литар.

Дизелот поскапува за половина денар на 62 денари за литар.