Дајмлер купува батерии за електрични возила во вредност од 20 милијарди евра

348

Компанијата Дајмлер планира да купи батериски ќелии во вредност од 20 милијарди евра до 2030 година, во рамки на подготовката за масовно производство на хибридни и електрични возила, соопшти денеска германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц, кој работи во состав на Дајмлер.

Оваа компанија е една од многубројните германски компании кои работат на огромно ширење во секторот на електрични возила.

Ваквото престројување на автомобилските компании е заради новите прописи на европските регулатори, со кои се воведуваат построги критериуми за емисиите на штетни гасови кај дизел возилата, јавува Ројтерс.