Даночните обврзници во туристичките места и на патните делници под засилен мониторинг на УЈП

74

Даночните обврзници што вршат дејност во туристичките места, како и субјектите кои се позиционирани на патните делници се предмет на засилен мониторинг од страна на Управата за јавни приходи, преку зголемено присуство на терен и ангажирање на сите расположливи капацитети.

Како што информираат од УЈП, покрај тоа, активно ја следат и даночната дисциплина кај сите даночни обврзници.

– Апелираме даночните обврзници редовно да ги подмируваат даночните обврски и укажуваме на потребата од зголемување на даночната дисциплина особено за време на летната и туристичката сезона, со цел избегнување на даночни и прекршочни постапки со кои би се соочиле бизнисите, а со кои би се намалила нивната сезонска заработка и углед -се вели во соопштението од УЈП.

Во него се додава и дека навременото и уредното плаќање на даноци е предуслов за создавање на еднакви услови на пазарот и лојална конкуренција