Дали сте дел од договорната економија на модерната доба?

230

Договорната економија мора да биде поддржана од најмодерните стандарди за иновација, креативност и за компетитивност. Ова е причина за верба дека новиот стандард на глобалната економија претставува колективна потреба

Живееме во поинаков свет, полн со комплексност, несигурност, посилна конкуренција, како и со високи стандарди за квалитет и побарувачка за иновации. Економијата е соочена со нови предизвици, со што умешност претставува давањето точен одговор на разните прашања што општеството ги дефинира. Уметноста на економијата се состои од матрица на конкретни предлози за предизвиците што се изнесуваат секојдневно во модерното општество, пишува „Њу Јуроп“.

Договорната економија мора да биде поддржана од најмодерните стандарди за иновација, креативност и за компетитивност. Ова е причина за вербата дека новиот стандард на глобалната економија претставува колективна потреба. Договорната економија не е детерминирана според закон. Таа ефективно е конструирана од сите учесници во слободна и колаборативна стратегиска интеракција. Подемот на економијата во голема мера зависи од нејзините луѓе и институции.

Практичен пример за оваа гранка на економијата може да се согледа во користењето комуникациски технологии од страна на жителите во Европската Унија при обезбедувањето сместување (соба, апартман, куќа, викендичка за одмор), преку специјализирани интернет-страници или апликации, од страна на друго приватно лице за лични цели, во изминатите 12 месеци. Повеќето користеле специјализирани интернет-страници, но, исто така, и други интернет-страници и апликации (вклучувајќи ги социјалните мрежи). Овие услуги што вклучуваат директна интеракција помеѓу две странки се дел од т.н. колаборативна или договорна економија.

Според податоците на Заводот за статистика на Европската Унија, Евростат, 19 отсто од граѓаните во ЕУ обезбедиле сместување на овој начин. Меѓу членките на ЕУ, државата со најголем удел на луѓе што обезбедиле сместување од друго приватно лице, преку Интернет, во 2018 година, е Луксембург (44 отсто), а потоа следуваат Република Ирска и Малта, со по 26 отсто. Од друга страна, удел помал од 10 отсто е забележан во седум држави во Унијата. Тоа се Кипар (три отсто), Република Чешка (пет отсто), Летонија (седум отсто) и Грција, Романија и Словенија (сите со по осум отсто).

Договорната економија бара и посветеност на партнерството за да се создаде вистинска стратегија на доверба во имплементирањето на различни практики. Фокусот на иновацијата и знаењето се двигатели за создавање додадена вредност со меѓународно ширење, што е посебен предизвик, кој би можел да биде нов начин на интеракција меѓу оние што имаат одговорност за создавање производи и услуги.

Договорната економија бара нов натпреварувачки став. Потребно е луѓето да имаат нов предизвик. Општеството мора да биде нова платформа за нов претприемачки став, центриран во новите области на знаење и во новите зони на вредности. Во модерно и активно општество, клучниот термин е кокреација. Промовирањето динамичен и активен процес на креација, вклучувајќи го секој граѓанин, е голем предизвик за годините што следуваат. С.Н.М.