Грчкиот парламент одобри продажба на електроцентралите

859

Грчкиот парламент изгласа денеска продажба на електроцентрали од Националната електро-компанија и покрај протестите на вработените, кои ја оквалификуваа продажбата како „национален криминал“.

Мнозинство пратеници го одобрија законот со кој државната компанија за снабдување со електрична енергија може да почне да ги продава електроцентралите од идниот месец.

Приватизацијата на електроцентралите е меѓу барањата на меѓународните кредитори на Грција.