Граѓански организации бараат да се повлече службената регистрација на физички лица како ДДВ-обврзници

87
Фото: Игор Бансколиев

Тринаесет граѓански организации бараат од Владата да ја повлече законската обврска со која Управата за јавни приходи треба да врши службена регистрација на физичките лица како обврзници на ДДВ.

Во соопштението, граѓанските организации наведуваат дека службената регистрација на физичките лица како обврзници на ДДВ е во спротивност со принципите на конструктивност и владеењето на правото. Тие бараат да се организира дебата за потребата физичките лица да влезат во системот на ДДВ, јасно да се разделат авторските договори што се надвор од опфатот на ДДВ од оние авторски договори што се консултативни и може да бидат предмет на ДДВ-цели, да се надгради регистарот на физички лица обврзници на ДДВ со јасно назначување на нивната самостојна стопанска дејност, УЈП да го надгради својот административен капацитет за ефикасно спроведување на законската измена итн.

Меѓу потписниците на реакцијата се центарот за економски анализи, „Фајненс тинк“, Центарот за даночна политика, „Евротинк“, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Фондацијата отворено општество Македонија, институтот за демократија „Соцеатас цивилис“, Транспаренси интернешнел Македонија… Е.Р.