Градежниците ги креваат цените

158
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Продажните цени во градежништвото се очекува да се зголемат во наредниот период, навеле раководителите на градежните фирми во оцената за деловните состојби во секторот, што ја објави вчера Државниот завод за статистика.

Индикаторот на доверба во градежништвото во вториот квартал е повисок за 0,2 процентни поени споредено со првиот квартал годинава, а во однос на второто тримесечје лани бележи зголемување за 0,7 процентни поени, оценуваат раководителите на градежните фирми. Државниот завод за статистика вчера објави дека очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи во вториот квартал годинава се поповолни во однос на претходното тримесечје. Се очекува и да се зголеми бројот на вработените. Оцената за економската состојба во второто тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а е поповолна и во однос на второто тримесечје од 2018 година.