Голем раст на продажбата на електрични возила во Европа

185

Бројката на електрични возила во Европа во првата половина на годината достигна милион, поттикната од растот на продажбата за повеќе од 40 отсто, се наведува во извештајот на ЕВ-Волумес, база на податоци за продажба на електрични возила.

Околу 195.000 електрични возила се продадени во првата половина на 2018 година на европскиот континент, што е за 42 отсто повеќе од истиот период лани. Тоа ги вклучува сите електрични возила со батерии, како и плаг-ин хибридите, личните возила и полесните товарни возила.

Со такво темпо на растот на продажбата, се очекува до крајот на годината на европските патишта да има 1,35 милиони електрични возила, се наведува во извештајот.

Норвешка е на прво место од европските земји со продадени 36.500 електрични возила во првата половина на 2018 година. Се очекува до крајот на годината во Норвешка да бидат продадени 84.000 возила, што е 45 отсто од вкупната продажба на лични автомобили и полесни товарни возила во оваа земја.

Германија во однос на вкупната продажба, би можела да ја претекне Германија до крајот на 2018 година.

Европа достигна бројка од милион електрични возила на своите патишта една година по Кина, но сепак води пред САД, кои таа бројка се очекува да ја достигнат подоцна во текот на оваа година.

– Количината од милион електрични возила е важна пресвртница на патот на електрификацијата и задоволувањето на нивото на емисии, но се разбира, тоа не е доволно – рече Виктор Ирле, пазарен аналитичар на ЕВ-Волумес.