Годишната инфлација во Турција речиси 18 отсто

32

Годишната инфлација во Турција се зголеми до речиси 18 проценти поради слабата лира, што доведе до зголемување на цените, соопштија властите.

Според податоците на Турскиот институт за статистика, годишната инфлација во август изнесува 17,9 проценти.

Инфлацијата го достигна 15-годишниот максимум од 15,39 отсто во јуни. Во јули, Централната банка на државата одби да ја зголеми каматната стапка и ја задржа на ниво од 17,75 проценти.

Во јули, годишната инфлација изнесуваше 15,85 проценти.

Турската централна банка денеска соопшти дека „последните случувања во однос на прогнозите за инфлација покажуваат значителен ризик за стабилноста на цените”, и поради тоа ќе се преземат мерки.