Годишен извештај на Групација Триглав

54

Надзорниот совет на Заваровалница Триглав на седницата одржана на 30.3.2020 година го потврди ревидираниот годишен извештај на Групацијата Триглав и на матичното друштво за 2019-та година.

Групацијата, која располага со висока бонитетна оцена „А“, во своите 120 години работа ја задржа финансиската стабилност и добрата капитализираност. Минатата година работеше успешно и постигна 100,9 милиони евра добивка пред оданочување (индекс 104), поврат на капиталот од 10,9 проценти и 1.184 милиони полисирана премија од осигурување (индекс 111).

Во моменталните тешки услови на епидемија работењето на Групацијата се одвива непрекинато, а изведувањето на услугите е прилагодено на поединечните пазари. Поради високо нестабилното опкружување, Групацијата се уште не може да даде сигурна проценка на влијанието на моменталните услови на нејзиното работење.