Преку Еуролинк 150 учесници во „Мапа на културата“ го запознаа Галичник

91

Како дел од туристичката прошетка насловена Мапа на културата, во саботата 150 учесници го посетија Галичник. Прошетката ја организираше Еуролинк осигурување.

Планинското село што лежи на надморска височина од 1150 до 1450 метри е убаво во сите годишни времиња, а ги фасцинира посетителите и со својата автентична македонска архитектура, со богатото културно наследство и со восхитувачките пејзажи.

Посетителите на бесплатната еднодневна екскурзија уживаа во убавината на мијачкиот регион и во уникатноста на селото Галичник, по специфичните архитектонски обележја на тамошните куќи расфрлени по стрмниот терен на селото.

Ја посетија црквата што се наоѓа во срцето на селскиот атар Св. Петар и Павле, каде што секоја година на Петровден се одржува надалеку прочуената Галичка свадба, како и малиот селски музеј Вила Доста“, каде што се изложени делата на големиот македонски преродбеник Ѓорѓија Пулевски.

Денеска Галичник е само туристичка дестинација, живеат само двајца жители бидејќи локалните жители одамна го имаат напуштено. Се вративме дома побогати за уште едно незаборавно патување, кое нѐ врати во времето на нашите предци.

Компанијата повторно ги потврди своите заложби за негување на вистинските вредности и им овозможи на пријавените учесници да се запознаат со убавините на нашата татковина. Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности.