Вработените на Амазон во Германија започнаа штрајк

125

Вработените во два дистрибутивни центра на Амазон во Германија стапиле во штрајк барајќи подобрување на условите на работата, што предизвика стравување дека празничните нарачки можеби нема да бидат испорачани на време.

Како што јавуваат агенциите, утрово протести започнаа вработените на Амазон во Лајпциг, во источна Германија и во местото Верне, во западниот дел на земјата.