Вработените во Фиат најавија штрајк поради исплатата за трансферот на Роналдо

177

Вработените во фабриката на Фиат во јужна Италија најавија штрајк поради трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, за кој треба да се исплатат 105 милиони евра.

Најавено е дека штрајкот ќе се одржи следната недела, меѓу 15 и 17 јули, со целосна поддршка на синдикатите.

– Неприфатливо е работниците економски да се жртвуваат, а компанијата да троши стотици милиони евра за купување фудбалери – се наведува во соопштение на синдикатите.

Тие додаваат дека работниците долги години се изложени на редуцирање на трошоците и дека платите не им се сменети повеќе од една деценија.

– Дали е нормално една личност да заработува милиони, а илјадници семејства да не можат да преживеат до средината на месецот? – прашуваат синдикалците во соопштението.