Вработените во „Еурокомпозит“ се согласуваат за стечај на фабриката

147

Вработените во „Еурокомпозит“ се согласуваат со понудата компанијата да отиде во стечај и сметаат дека тоа е единственото решение како во случајот со „Фени“. 

– Ваква понуда ние имавме при разговорите со премиерот Зоран Заев и со потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев и сметаме дека е единственото решение- изјави денеска претседателот на синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ Роберт Богданоски, по информацијата дека потпретседателот на Владата Анѓушев, стечајот го предлага како можно решение за фабриката, наместо долготрајниот процес на приватизација.

-Значи, прво да се најде купувач за фабриката, па да се пушти во стечај, купувачот да ја преземе фирмата со обврските спрема вработените, да се исплатат доверителите и другите трошоци- вели Богданоски.

Вработените очекуваат до петок да ги земат тие 30.000 денари како две плати кои се одобрени преку позајмица.

– Што се однесува до пакетот за технолошки вишок, направени се списоците за 120 вработени и се испратени до Владата- рече Богданоски.

Долговите на Фабриката се околу5 милиона евра. неисплатени се 18 плати и придонеси од 2012 година. Од понеделникот тече работниот проецес во „Еурокомпозит“.