Во банките почнува етапната исплата на пензиите

69

Етапната исплата на пензиите од денеска ќе се врши на шалтерите на банките, според висината на пензијата.

За пензиите до 11.000 денари исплата е денеска, за пензии од 11.001 до 14.000 денари, исплата е утре. За пензии од 14.001 до 18.000 денари исплата е в среда, а пензиите повисоки од 18.001 денар ќе се исплаќаат в четврток.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, веќе можат да ги користат парите за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, пензиите можат да ги подигнат на банкоматите на банките.

Етапната исплата на пензиите ќе се спроведува со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на пензионерите од коронавирусот.