Водечката британска банка го сели работењето во Германија

108

Една од водечките британски банкарски институции, „Ројал банк оф Скотланд“ (РБС) поднела барање за добивање лиценца за работа во Германија, со цел да може да го задржи пристапот до европскиот финансии пазар по очекуваното истапување на Велика Британија од ЕУ, објави „Фајненшл Тајмс“.

Извори во банката ва весникот потврдиле дека РСБ планира својата филијала во Франкфурт на Мајна да ја трансформира во регионален платежен центар.

Во моментов, според „Фејнешл Тајмс“, РБС бара работници за новиот центар во Франкфурт.

Според експертите, лондонскиот финансиски центар Сити би можел да загуби и до 800 милијарди евра при префрлањето на активностите на меѓународните банки и другите финансиски институции од Лондон во Франкфурт поради брегзитот.