Владата ќе доделува субвенции за инвертер клими на граѓаните од Битола, Кичево, Тетово и Скопје

87

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информација за спроведување на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима-уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и на градот Скопје.

Субвенциите ќе им се доделат на оние кои користат енергетски неефикасни уреди за греење во нивните домаќинства кои влијаат на зголемување на концентрација на ПМ10 и ПМ2.5 со предлог-одлуката за формирање на Комисија за спроведување и следење на имплементирањето на мерка, и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање редовно да ја информира Владата за текот и спроведувањето на постапката.