Владата најави наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“

175

На предлог на Министерството за финансии, на вчерашната седница на Владата е усвоена информацијата за организирање наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“.

Oд владината прес-служба велат дека целта на оваа мерка е понатамошно зајакнување на фискалната дисциплина и подигањето на свеста на граѓаните за задолжително барање и земање фискални сметки.

Мерката ќе генерира дополнителни приходи за граѓаните, а ќе ја спроведува Државната лотарија на Република Македонија, како овластено трговско друштво во целосна сопственост на државата, во соработка со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.