Владата издвои 741 милион денари за замена на загадувачки системи за греење

95

Владата усвои измени во Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, според која се издвојуваат 741.000.000 денари за замена на загадувачки системи за греење во јавните објекти и во домаќинствата, како и за опрема за енергетска ефикасност и создавање нови зелени урбани површини.

Од овие средства, 620.00.000 денари ќе им бидат префрлени на општините во Скопје, Битола, Тетово и во Кичево, со што се овозможува втората фаза од проектот за замена на грејните тела на фосилни загадувачки горива со високоефикасни инвертер-клими за 10.000 домаќинства.