Владата дозволи извоз на средства за дезинфекција

92

Владата донесе одлука со која се дозволува извоз на економските оператори и производители од Република Македонија на средства за дезинфекција.

Со ова се дозволува извоз на: сапуни со или без површинско активни средства со дезинфициенси, препарати (за миење, перење, чистење и гелови) на база на површинско активни средства, тоалетни препарати со дезинфекциони средства, како и неденатуриран етилалкохол со содржина на алкохол 80%.

При секој извоз кон царинската декларација извозникот и производителот мора да приложат и изјава дека одреден процент од овие средства остануваат како задолжителна залиха за потребите на домашниот пазар.