Венецуела и понуди на Русија експлоатација на злато

100

Венецуелските власти им понудија на руски компании да учествуваат во истражувањето злато и негова експлоатација во таа земја, изјави рускиот амбасадор во Каракас Владимир Заемски.

– Што се однесува на учеството на Русија во рударењето злато и други рударски проекти, Венецуела направи широк спектар интересни предлози кои сега ги разгледуваат заинтересираните руски оператори – изјави амбасадорот.

Заемски додаде дека Каракас е многу заинтересиран за соработка со Русија во секторот на истражување цврсти ресурси кои можат да се екстрахираат, вклучувајќи злато, дијаманти и колтан, кој се користи за вадење елементи како што се ниобиум и тантал.

Освен докажаните нафтени наоѓалишта, кои се сметаат за најбогати во светот, Венецуела е богата и со природни ресурси како што се дијаманти, злато, железна руда, алуминиум, боксит, природен гас. Според извештајот на Светскиот совет за злато, објавен во јуни, Венецуела има 150 тони златни резерви. Сепак актуелната економска криза и американските санкции ја принудија Венецуела да се потпре на помош од други земји.