Божиќот на Едгар: Посебна божиќна реклама за оваа невообичаена година

91

Веќе трета година по ред, Групацијата Ерсте подготви анимирана реклама посебно наменета за божиќните празници, што несомнено ќе Ви го привлече вниманието со својата креативност. Банкарската групација со седиште во Виена ја објави приказната за тоа како Едгар го прослави Божиќ (#EdgarsChristmas) под хаштагот #верувајвосебе (#believeinyourself), преку медиумски канали на единаесет пазари во Централна и Источна Европа и ѝ ја претстави на глобалната публика преку социјалните мрежи. Групацијата Ерсте се етаблираше како еден од најуспешните брендови во светот кога станува збор за божиќни реклами. Рекламите стекнаа масовна популарност и се прегледани преку 180 милиони пати. И овој пат, Jung von Matt DONAU беше креативно одговорен за
продукцијата.

Приказната за тоа како Едгар го прослави Божиќ (#EdgarsChristmas) може да ја погледнете на Facebook, YouTube и Twitter.

Короната ни наложи нов контекст

Оваа година, без сомнение беше потешко да се утврди почетната точка за емотивна  божиќна приказна од која било претходна година. Глобалната пандемија предизвикана од корона вирусот остави белег на сè и на секого, а креаторите на #EdgarsChristmas сакаа да го прикажат тоа во својот проект.

– Осаменоста и изолираноста беа теми што ја одбележаа оваа пандемска година. За жал, ваквата состојба ќе продолжи за повеќето од нас и во текот на божиќните празници, празници кои вообичаено можеме да ги поминеме блиску до своите семејства и пријатели. Сакавме да покажеме што сè е можно кога луѓето си помагаат едни на други и си даваат поддршка, кога веруваат во себе и во другите, особено во вакви тешки времиња – вели Мартин Раџаби-Расет, директор за управување со брендот на
групацијата Ерсте.

Докажан тим на креативци

И овој пат, Jung von Matt DONAU е одговорен за креативната реализација на најновата божиќна реклама на Групацијата Ерсте. Креативниот режисер Мајкл Наги изјави „откако направивме две екскурзии во светот на анимираните животни, оваа година обработуваме тема што секоја година е важна за Божиќ, но е уште поважна во овие невообичаени времиња – а темата е: да си помагаме едни на други. Токму тоа е мислата што ја води Мари, негувателката полна со оптимизам и енергија, која не сака да прифати дека композиторот Едгар, кого староста го довјасува, сè повеќе се повлекува во себе додека постепено го губи слухот. Со помош на другите станари во домот за стари лица, Мари успева да го стопли срцето на Едгар и да овозможи тој да ужива во многу посебна прослава на Божиќ“.

Успешна божиќна приказна

По „Ежот Хенри“ (Henry the Hedgehog) (2018 г.) и „Бумбарчето Хана“ (Hanna Bumblebee) (2019 г.), „Божиќот на Едгар“ (#EdgarsChristmas) е третата меѓународна божиќна реклама што Групацијата Ерсте ја прави заедно со Jung von Matt DONAU. Предизвикот да се направи подеднакво добра реклама оваа година беше многу тежок, со оглед на тоа што претходните две божиќни видеа се прегледани преку 180 милиони пати.

Екипа одговорна за Божиќот на Едгар #EdgarsChristmas

Клиент: Банкарска Групација Ерсте АГ
Директор за управување со брендот на групацијата: Мартин Раџаби-Расет
Управување со брендот на групацијата: Даниел Ратзенбок, Јурај Флимел
Социјални медиуми: Клаус Лакнер
Агенција: Jung von Matt/DONAU
Креативна режија: Андреас Пуц, Мајк Наги
Копирајтер: Каспар Сатек
Уметничка режија: Мајк Наги, Каспар Сатек
Консултанти: Катарина Холер, Катарина Хинтеркорнер
Продукција: Passion Animation Studios (UK)
Режисери: Кира Бушор и Константин Паеплов
Режисер за анимација: Феран Касас, Кира Бушор и Константин Паеплов
Извршен продуцент: Деби Кроскап
Шеф на продукција: Мајк Туроф
Продуцент: Ана Канингтон
Асистент на продукција: Кејти Харис
Координатор на компјутерска графика: Саде Тах
Шеф на компјутерска графика: Џејсон Николас
Супервизор за визуелни ефекти: Дејв Вокер
Супервизор за компјутерска графика: Дејвид Вотсон
Музика: Mcasso (UK)
Композитор: Мајк Мекленан за Mcasso
Тонски дизајн: Том Мартин од Mcasso
Продуцент: Том Мартин од Mcasso
Помошник продуцент: Ема Винтон од Mcasso
Оркестар: Симфониски оркестар Будимпешта
Оркестарски тон мајстор: Адам Милер од Air Studios
Дополнителна тонска обработка : Ричард Аткинсон Mcasso
Пост-продукција: Unit Studios (UK)
Експерт за бои: Дени Купер
Продуцент: Јоана Папајани
2D уметник: Ричард Гринвуд
Медиумска агенција: Wavemaker, Сабине Биндер-Весели
Линкови до видеото:
Facebook: https://www.facebook.com/erstebank.sparkasse/posts/3748781858485426
YouTube: https://youtu.be/vTjtgualL9E
Twitter: https://twitter.com/ErsteGroup