Битиќи не се согласува со тврдењата на угостителите

109

Во првиот и вториот актикризен пакет има мерки насочени само кон угостителскиот сектор и оти само во делот на мерката за финансиска поддршка, процентуално гледано, искористеноста во овој сектор е солидна, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, додавајќи дека не се согласува со констатацијата на Независната угостителска комора оти угостителите не се поддржани наспроти сите останати сектори.

Битиќи додаде дека е отворен за комуникација, но и оти сите треба да бидат разумни во очекувањата. Тој рече дека барањето на угостителите за средба до 25 јануари би требало да се реализира доколку тоа го дозволат условите, посочувајќи ја можноста и за онлјан комуникација.

Следната недела во план е и разгледување на можноста за продолжуваже на работното време на угостителите по 21 часот.