Бислимовски со предлог: Проширување на листата на граѓани со субвенции или намалување на ДДВ-то за потрошената струја

85

Проширување на листата на граѓани кои се опфатени со субвенции за енергетска сиромаштија со оние лица кои се погодени од здравствената криза е една од опциите што може да се преземе за да се заштитат ранливите потрошувачи погодени од ковид кризата – е предлог – решението од РКЕ за кое синдикатите посочија дека ќе го разгледаат во рамките на органите и телата на синдикатите и за истото ќе продолжат со разговорите на следните состаноци на кои ќе бидат поканети и граѓански организации.

– Станува збор за механизам кој подразбира привремено проширување на постоечка листа за надоместок за енергетска сиромаштија со лица кои се погодени директно од здравствената криза. Ние треба да им помогнеме на најранливите, а не да ги субвенционираме богатите – ова воедно е и заедничка препорака на РКЕ и Секретаријатот на Енергетската заедница. Институциите мора да разгледаат кои предлог- решенија се применливи: проширување на листата на граѓани со субвенции, намалување на ДДВ-то за потрошената електрична енергија и слично. Сега на потег е Собранието и надлежните министерствата како предлагачи на измени во закон – посочи Марко Бисмилоски на состанокот со синдикалните лидери.

Бислимоски информираше дека Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е ставена на располагање со сиот свој капацитет да биде логистика во процесот на разговори кои синдикатот ќе го води со владата и со соодветни анализи и практики да го аргументира барањето за помош кон најранливите категории на граѓани.