Бизнис – инфо

133

„Ербас“ укинува 2.300 работни места

Европскиот воздухопловен концерн „Ербас“ најави дека до крајот на 2021 година ќе укине повеќе од 2.300 работни места во Одделот за вселена и воена опрема, поради стагнацијата на пазарот за вселенска опрема и проблемите во работењето со воената опрема. „Ербас Дефенс енд Спејс“ произведува воени авиони, беспилотни летала и сателити, генерирајќи околу петтина од вкупните приходи на групата. Вработуваат 34 илјади работници, вклучувајќи 13 илјади во Германија.


Пуштена во оптек полимерна банкнота од 20 фунти, најбезбедна досега

Нова банкнота од 20 фунти со ликот на уметникот Вилијам Тарнер е пуштена во оптек на банкоматите и во платниот промет во Велика Британија. Оваа банкнота е прогласена за најбезбедна банкнота досега. Полимер ќе ја замени претходната хартиена банкнота од 20 фунти. Банката на Англија во оптек веќе пушти полимерски банкноти од пет и 10 фунти, а новата полимерска банкнота од 50 фунти ќе биде издадена следната година.