Бизнис инфо

99

ЕК ја тужи Данска поради употребата на називот „фета“ за данските сирења

Европската комисија поднесе тужба против Данска затоа што на домашните компании не им забранила производство и извоз надвор од Европската Унија на сирењето со назив „фета“, кој со ознаката за потекло е резервиран за сирењата произведени во Грција.
Комисијата ја поведе постапката против Данска во јануари минатата година преку службен приговор, во кој од данската влада беше побарано да преземе соодветни мерки за прекинување на таквата практика.

Неочекувано придвижување на швајцарската економија во третото тримесечје

Швајцарската економија неочекувано забрза во третото тримесечје, поттикната од порастот на производството во фармацевтскиот и енергетскиот сектор, покажаа податоците објавени од тамошното министерство за економија. Швајцарскиот БДП порасна во третото тримесечје 0,4 отсто во однос на претходните три месеца кога зајакна за 0,3 отсто, иако економистите прогнозираа забавување на растот на 0,2 отсто.

Приходите од продажба на групацијата „Меркатор“ достигнаа 1,64 милијарда евра

Групацијата „Меркатор“ за девет месеци годинава оствари приходи од продажба во висина од 1,64 милијарда евра, што е за 1,6 отсто повеќе од истиот период лани, соопшти словенечкиот трговски синџир.
Чистата добивка на групацијата „Меркатор“ за девет месеци годинава изнесува 6,21 милиони евра, што е за 30,3 отсто помалку од ланскиот период, но од компанијата посочуваат дека резултатот не може да се споредува со минатогодишниот.
Имено, од „Меркатор“ напоменуваат дека споредбата не е можна поради промената на сметководствените стандарди оваа година, како и поради реализираната добивка од продажбата на центарот во Белград и на земјиштата во Србија минатата година.