Бензинот поевтинува, дизелот поскапува

149

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за нови цени на горивата, која започнува од ноќеска на полноќ и ќе важи најмалку една седмица.

Според новата одлука, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за половина денар односно ќе се продава за 59,50 денари/литар, додека цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво од 61,50 денари/литар.

За половина денар се зголемуваат цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кои ќе се продаваат по цена од 51,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува и сега ќе изнесува 27,481 ден/кг.

Од Регулаторна воедно информираат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт, можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.