Бензинот БС-95 поевтини, дизелот поскапи за половина денар

177
Фото: Игор Бансколиев

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ се намали за 0,50 денари за литар, со што овој тип бензин од денеска на бензинските пумпи се точи по цена од 66,50 денари.

Цената на еуросупер БС-98 остана иста, односно 69 денари за литар, додека за половина денар поскапе дизелот и сега треба да се одвојат 61,50 денар за литар. За половина денар е покачена и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и сега чини 51,50 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,664 денари за килограм и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 31,147 ден за килограм.