Бензините поевтинуваат

140

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 71 денар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 73, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и натаму ќе се продава за 63,50 денали за литар.

За 0,50 денари поевтинува Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе чини 52,00 денара.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,09 денари и еден килограм ќе се продава за 33,695 ден/кг. дма/са/12:57