Бензините поевтинуваат за три денари, дизелот за два

67
Фото: Игор Бансколиев

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за три денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Оттука во образложението наведуваат дека со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,8 проценти.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 денари за литар, а 68,50 на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 60 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50 денари.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 2,982 денари за килограм и ќе изнесува 32,361 денари.