Бензините и дизелот поскапуваат

159

Од полноќ се зголемуваат цените на бензинот „евросупер БС-95“ и на „евродизел (Д-Е В) 1 денар/литар, а малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,5 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.1.2021 година.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 1,172 ден./кг и ќе изнесува 30,823 ден./кг.

Од 19.1.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС- 95“ – 63 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 65 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е В) – 54,5 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 54,5 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 30,823 (денари/килограм)

– Охрабрувачката имунизација со вакцините против ковид-19 и ефектите од договорот на ОПЕК за ограничување на производството во следните месеци се клучните причини поради кои минатата недела берзанските цени на сите нафтени деривати се зголемија – и тоа е едниот фактор што влијае директно врз денешната одлука. Вториот фактор е зголемувањето на курсот на денарот во однос на доларот. По двомесечен постојан пад, првпат се регистрира зголемување на курсот на денарот во однос на доларот и неговиот просек е 0,845 % повисок од просекот на курсот по кој беа формирани цените со претходната пресметка – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.