Бектеши: Поради кризата 15 илјади граѓани останаа без работа

54

За време на пандемијата, во земјава се загубени околу 15.000 работни места, соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши, посочувајќи дека тоа се бројки што доаѓаат од Агенцијата за вработување.
Бектеши објасни дека е можно бројот на невработени да се зголемил поради лицата со претходно нерегулиран работен однос што се пријавиле во агенцијата од почетокот на кризата.
– Секако дека има многу наши сограѓани што биле дел од сивата економија и кога се правеше регистрацијата во Агенцијата за вработување ја користеа можноста да се пријават и сега одат да добијат државна помош или гарантирана минимална помош и додатоци. Но не сум видел анализи што укажуваат дека нашите сограѓани што живеат надвор го зголемуваат бројот на невработени. Од пандемијата во Северна Македонија моментално има невработени околу 15.000 граѓани – кажа Бектеши.