АХВ: Пред Велигден поништени како небезбедни 31.000 јајца

743

Повеќе од 31.000 јајца се поништени како небезбедни во инспекциските контроли пред велигденските празници, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Спроведени биле 181 вонредни, засилени контроли во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца на македонскиот пазар. Од нив, 110 биле во малопродажните објекти, а 35 на зелените пазари и 36 на сортирници за јајца.

– Од контролите е констатирано дека дел од операторите со храна извршиле несоодветно класифицирање и означување на јајцата, не поседувале комерцијален документ што ја следи пратката и во промет пуштиле бојадисани јајца во неодобрен објект за таа намена – наведува АХВ.

Констатирани се и други недоследности од помал обем, а инспекциските служби издале 10 решенија за отстранување на констатираните недоследности.

Спроведени се четири едукации и се изречени четири парични казни.