АХВ: Да не се внесува храна од животинско потекло од Бугарија

57

Граѓаните кои патуваат во Бугарија при враќање во Македонија да не носат храна од животинско потекло, апелира директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.

Тој денеска во Велес изјави дека вирусот „африканска свинска чума“ кој е регистриран во соседна Бугарија не е опасен за луѓето, но оти се работи за високо заразна вирусна болест кај свињите за која нема вакцина.

– Агенцијата донесе решение за забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од овој регион во Бугарија со цел заштита од внесување на вирусот – рече Атанасов.

Агенцијата на почетокот на месецов донесе решение за забрана за увоз и транзит на свињи и производи од свинско месо од Бугарија поради појава на вирусот „африканска свинска чума“ во оваа држава. Болеста кон крајот на август е потврдена во областа на Варна во соседна Бугарија, а присутна е и во Естонија, Латвија, Летонија, Белорусија, Украина, Полска, Молдавија, Романија, Чешка и Унгарија.