„Алкалоид“ со потврдени сертификати за добра производствена практика

29

Редовни проверки од страна на високи регулаторни авторитети се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на производите на компанијата во Европската Унија и на најстрого регулираните пазари

Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Словенија (ЈАЗМП), по извршената инспекција во погоните за производство на лекови на „Алкалоид“ АД Скопје, ги потврди сертификатите за сообразност со начелата на Добрата производствена практика (ГМП). Истите тие се обновени со важност од 3 години и се однесуваат на погоните за цврсти дозажни форми (таблети и капсули), течни дозажни форми за интерна и екстерна употреба, полуцврсти дозажни форми и погонот за цефалоспорини во согласност со Директивата 2003/94/ЕС и членот 111(4) од Директивата 2001/83/ЕС.

– Оваа редовна инспекција и проверка на Фармацевтскиот систем за квалитет на „Алкалоид“ АД Скопје, се изврши на сите погони во исто време од страна на словенечката Агенција за лекови и медицински средства во улога на надзорен орган. Ваквите проверки од страна на високи регулаторни авторитети се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на производите на компанијата во Европската Унија и на најстрого регулираните пазари – истакнуваат од компанијата.

Производство на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови и производи за широка потрошувачка за кои заштитниот знак на „Алкалоид АД“ е синоним за високото ниво на квалитет и сигурност, како и хуманата програмско производствена определба насочена првенствено кон крајните корисници, се начелата според кои се води компанијата и ќе остане да се води во секојдневните операции, притоа строго внимавајќи на кредибилитетот и професионалниот пристап што го практикува и спроведува во севкупното свое работење.