На 22 и 23 септември во Градскиот парк во Скопје, кај терените Работнички, четврти пат ќе се одржи „Хелт, фитнес и велнес експо“. Повторно програмата е исполнета со забава, информации, работилници за сечиј вкус.

– Со слеклајн-шоуто, или одење по лента, во опуштена атмосфера, да пробаме да ја смениме предрасудата дека тоа е тешка дисциплина. Содржината се реализира благодарение на „Спорт ин“, кој е генерален партнер на настанот од самиот негов почеток. Првпат во Македонија се организира и меѓународен турнир во стрит воркаут, во соработка со „Чемпионс хаус“. Натпреварот ќе се одржи во шест категории, а реномираниот Жељко Влајин, една од легендите на овој спорт, ќе биде специјален гостин и интернационален судија во категоријата ендуренс.

За оние што не се пронаоѓаат во конкретни спортски дисциплини, а се и по малку (или повеќе) носталгични за безгрижните детски денови во маало, ќе има голем натпревар во улични награди: издание „народна“! На овој турнир можете да се пријавите самостојно или со тим – информираат организаторите.

Секако, настанот ги анимира сите, од 7 до 77, па детското катче ќе продолжи да ги забавува и да развива здрави навики и кај најмладите, низ богата содржина на интерактивни работилници.

– Освен вело-френдли, настанот ќе биде и еко-френдли, па за „влезница“ ќе се признаваат велосипеди, но и пластични шишиња, хартија или картон, или неколку искористени батерии, бидејќи на настанот ќе се селектира и отпад за рециклирање – додаваат од „Хелт, фитнес и велнес експо“.