На конкурсот објавен по повод 50-та по ред јубилејна „Чивијада“ што ќе се одржи од 13 до 15 септември во Шабац-Србија за победник е прогласен афористичарот Миле Ѓорѓијоски. Нашиот најплоден и најпознат афористичар на конкурост улествувал со 60 афоризми, по 20 од сите три категории, а наградата ќе ја прими на 13 септември на вечерта на хумор и сатира.

-Со моите 60 афоризми со кои зедов учество на годинешната 50-та по ред јубилејна „Чивијада“ во Шабац, прогласен сум за победник и на 13 септември-четврток, на вечерта на хумор и сатира ќе ми биде врачена првата награда од страна на организаторот. На овој конкурс учествував со 60 афоризми по 20 во сите три категории и тоа детски, обични (спорт,политика ) и еротски. На годинешниот конкурс учествуваа над 150 афристичари од 15 земји од стариот континент и наградата ми е уште толку помила затоа што е освоена во толку силна конкуренција. Да бидам искрен победничката награда на овој конкурс пријатно ме изненади и ме стимулира и понатаму да учествувам на вакви и слични конкурси во земјите од регионот – рече Миле Ѓорѓијоски, роден во Кичево пред 62 години, автор на повеќе книги афоризми како и дела од други жанрови.

Според неговите најави до крајот на оваа календарска година се очекуваат и нови изданија афоризми да излезат од печат.

З.А.