Девет лица загинаа, а 43 се повредени откако маж со автомобил влезе на плоштад преполн со луѓе во Кина, јави Би-Би-Си. Според други медиуми, во нападот загинале три лица.

Инцидентот се случи во јужниот дел на Кина, во градот Хенгјанг, околу 20 часот по локално време.

На социјалните мрежи се објавени снимки и фотографии на кои се гледаат повредени лица како лежат на земја по несреќата додека полесно повредените се обидуваат да им помогнат. На снимките се гледа и како луѓе трчаат во обид да избегаат од автомобилот.

Полицијата го приведе 54-годишниот маж, одговорен за инцидентот, а маса луѓе се обиде да го нападне.

За време на инцидентот на плоштадот се случувал настан поврзан со танцување.

Засега нема индикации дека станува збор за терористички напад.