Русија презема нови напори за зголемување на своето влијание во Африка преку зајакнување на воената соработка и склучување договори за продажба на оружје со африканските држави, тврди лондонскиот весник „Гардијан“.

Според весникот, последен во низата од овие напори е договорот за изградба на руска логистичка база на брегот на Црвеното Море во Еритреја, кој беше постигнат на почетокот на септември откако „руски владини претставници девет месеци крстосуваа од Африканскиот Рог до Гоолемите Езера и Јужна Африка“.

Брзината со која Русија ја спроведува новата стратегија предизвикува вознемиреност околу почитувањето на човековите права и стравување за безбедноста, поради продажба на оружје на режими кои се слаби или вклучени во конфликт, особено откако од САД доаѓаат знаци дека Вашингтон планира повлекување на своите војници и затворање на мисиите во африканските земји, наведува „Гардијан“.

Весникот посочува дека вниманието на зајакнатата активност на Москва во Африка било зголемено по убиството на тројцата руски новинари во Централноафриканската Република (ЦАР) минатиот месец, додека ги истражувале активностите на контроверзната руска фирма за воени услуги „Вагнер“.

Сергеј Лавров

Според лондонскиот весник, аналитичарите наведуваат дека активностите на Москва се интензивирале во текот на оваа година, при што високи руски претставници претстојувале во посети на повеќе африкански држави нудејќи им договори за продажба на оружје и за воени услуги, „често придружувани со некакви услови, како дипломатска поддршка или постигнување потенцијално рентабилни договори за експлоатација на руди.

– Вознемиреост предизвикува не само испораката на оружје и распоредувањето на војници, туку и тоа што Русија се постави во улога на посредник меѓу Владата на ЦАР и воружените бунтовнички групи за време на преговорите во Судан. Со тоа се поткопа посредничката улога на Африканската Унија, а од друга страна, според тврдењата, Русија ја користи ваквата позиција за да добие пристап до рудниците за дијаманти, злато и уран во реоните под контрола на бунтовниците, наведува „Гардијан“.

Весникот тврди дека високи руски претставници, меѓу кои и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и претседателката на Горниот дом на Парламентот на Русија, Валентина Матијенко, биле вклучени во процесите за постигнувањето договори за воена соработка.

– Во текот на март Лавров ги посети Ангола, Намилија, Мозамбик, Етиопија и Зимбабве, каде потпиша серија договори за отворање економски зони, искористување на минералните ресурси и за воено техничка соработка. Во текот на јули директорот на руската Федерална служба за военотехничка соработка Дмитриј Шугаев за време на Самитот на БРИГС објави дека е потпишам меморандум за разбирање за воена соработка, вклучително и за обуки, со Заедницата за развој на државите од Јужна Африка, наведува „Гардијен“, додавајќи дека зголемениот интерес на Русија за Африка „го начекал“ Западот непдготвен за ваквиот руски пристап.