На 22 и 23 септември во Градскиот парк во Скопје, на терените на Работнички, ќе се одржи четвртото издание на „Хелт, фитнес енд велнес експо“.

– Настанот нуди многу корисна и релевантна содржина, на тема здрав и активен животен стил, како и огромен број бесплатни производи, козметички и здравствени третмани, отворени тренинзи, демонстрации, натпревари со вредни награди, консултации со стручни лица, промоции и попусти и многу други активности, низ една богата атрактивна содржина, која не смее да се пропушти – велат организаторите.

Како и секоја година, организаторите го дополнуваат проектот со нови содржини. Оваа година само на големото отворање е најавено слеклајн-шоу со „Спорт ин“.

– Првпат во Македонија се организира и меѓународен турнир во „Стрит воркаут“, во соработка со „Чемпионс хаус“. За оние, пак, што не се пронаоѓаат во конкретни спортски дисциплини се најавува и голем натпревар во улични награди: издание народна! Секако, настанот ги анимира сите од 7 до 77, па детското катче ќе продолжи да ги забавува и да развива здрави навики и кај најмладите, низ богата содржина на интерактивни работилници. Освен вело-френдли, настанот ќе биде и еко-френдли, па за „влезница“ ќе се признаваат велосипеди, но и пластични шишиња, хартија или картон, или барем две искористени батерии, бидејќи на настанот ќе се селектира и отпад за рециклирање – информираат од „Хелт, фитнес енд велнес експо“.