Основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“ добија нови подови. Реконструирани беа старите подови во училниците и кабинетите и нивната замена со нови заврши. Заменети беа старите еластични ПВЦ-подови, а општината за овој проект издвои околу 2 милиона денари од сопствениот буџет.

– Училиштето „Лазо Ангеловски“ со сопствени средства го реконструира и подот во холот на училишниот објект. Исто така, во наредниот период ќе се изврши и реконструкција на покривот на училиштето „Лазо Ангеловски“ во рамките на проектот на Министерството за образование и наука. Планирано е отстранување на салонитот од покривната конструкција и негова замена со друг соодветен материјал – соопштија од општината Аеродром.