Осумгодишно дете од Србија синоќа во 22.30 часот било тешко повредено на крстосница во Скопје кога во него удрило автомобил.

Од МВР информираат дека несреќата се случила на крстосницата од улиците „Славеј Планина“, „362“, „Македонско Косовска бригада“ и „Џон Кенеди“ во Скопје, кога патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф. К. (46) од с.Блаце, скопско, удрило во осумгодишно момче од Република Србија.

Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.