Претседателот на Република Српска Милорад Додик рече дека со сила ќе го спречи обидот за распоредување на припадниците на полицијата од друг ентитет на Федерацијата БиХ(ФБиХ), со цел на државната Гранична полиција на БиХ да и помогнат во спречувањето на илегалните миграции.

– Секој обид и еден припадник на полицијата на Федерацијата БиХ да влезе во Република Српска(РС) без согласност на властите на РС ќе биде спречен со сила. Ако ФБиХ ги испрати своите полицајци во РС без согласност на нашата Влада, ќе биде спречена и ќе го сметаме тоа за акт на напад и агресија врз РС – порача Додик.

Владата на ФБиХ вчера најави дека ќе одобри испомош на 50 полицајци на Граничната полиција на БиХ за да помогнат во запирањето на илегалните мигранти.