Водечките луѓе на шпанската фудбалска Ла Лига планираат неколку првенствени натпревари да се одиграат во САД, освен големото дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Според соопштението, лигата планира натпревари во САД како дел од 15-годишното партнерство со групата „Релевент“, со цел да се промовира фудбалот во Северна Америка.

Не се дадени повеќе детали, освен дека се уште се договора за организацијата и термините, а оваа сезона можно е да се одигра барем еден натпревар во САД.

Хавиер Тебас, претседателот на шпанската лига, ја негираше можноста „ел-класико“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона, да се одигра надвор од Шпанија.

Групата „Релевант” е организатор на најголемиот претсезонски турнир, Меѓународниот куп на шампиони, каде Барселона и Реал минатата година играа во Мајами.