Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја поддржа поканата за членство на Македонија во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, и директно побара поддршка од Франција, во телефонскиот разговор со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан, соопшти Стејт департментот.

– Државниот секретар побара од францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан да ја поддржи поканата за влез на Македонија во НАТО, како и за почеток на преговори за влез во ЕУ, откако е потпишан договорот за името помеѓу Грција и Македонија – истакна Хедер Науерт, портпаролката на Стејт департментот.