Новиот италијански премиер Џузепе Конте порача дека меѓу главните приоритети на неговата влада е засилувањето на врските со Русија. Конте дури и побара укинување на санкциите, кои Европската Унија ги воведе против Москва поради руската вмешаност во украинската криза.
– Италија ќе остане во НАТО, но ќе побара отворање кон Москва. Русија ја консолидира својата меѓународна позиција во различни геополитички кризи – истакна новиот шеф на италијанската влада во обраќањето пред Сенатот.