По избирањето на претседател-комичар, Украина сега би можела да добие рок-ѕвезда како можен коалиционен партнер на Владимир Зеленски, пишува „Гардијан“.

По резултатите од вчерашните парламентарни избори во Украина, новосоздадената партија на рок-пејачот Светислав Вакарчук, Голос, освои шест отсто од бкупниот гласови, со што ќе влезе во парламентот на земјата.

Глумецот и комичар Владимир Зеленски, кој убедливо победи на претседателските избори во април, веднаш изјави дека е подготвен да започне преговори со Вакарчук за креирање на владина коалиција. Првичните резултати од изборите покажаа дека Зеленски има голема предност пред сите други партии, но нема доволно пратеници самостојно да состави влада.

Од друга страна, рокерот Вакарчук, на својата листа на пратеници има голем број на млади професионалци образовани на западот, а пред изборите забрани сегашни и поранешни пратеници да и се приклулчат на партијата.

– Луѓето гласаа за промени и ние сме среќни што сме дел од овие промени. Подготвени сме да преземеме одговорност – рече Вакарчук, кој прекина да пее за време на неговата кампања, туку сосема спротивно, концертите и настапите му беа клучен дел од јавното претставување пред Украинците.