Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди областа на општина Чајниче во БиХ, во близина на границата со Црна Гора, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот е регистриран на длабочина од два километра, седум километри јужно од Чајниче, на источната граница меѓу БиХ и Црна Гора, објави РТЦГ.

Претходно, потрес исто така од 4,2 степени ја погоди областа на Мармор, помеѓу Сребреник и Тузла.