Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги оцени како уцена најавите на ЕУ за нови санкции врз земјата, доколку преговорите меѓу власта и опозицијата во земјата не бидат успешни.

– Федерика Могерини сака да го уценува дијалогот, но јас ја сметам нејзината изјава за злонамерна и апсурдна. Венецуела не прифаќа притисоци и уцени – истакна Мадуро.

Венецуела се наоѓа во длабока политичка криза, откако опозицискиот лидер Хуан Гуаидо со поддршка од Западот се прогласи за привремен претседател на државата. И онака лошата економска состојба, во моментов дополнително е влошена поради санкциите кои се воведени во обид да се собори Мадуро од власт.