Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, следната недела ќе го посети Белград.

За време на посетата на 25 и 26 јули, Хан со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ ќе разговара за реформските процеси во Србија и за регионални прашања.

-Комесарот Хан во Белград ќе се состане со претседателот и премиерката на Србија, со кои ќе разговара околу реформите што ги спроведува Србија на патот кон ЕУ, како и за регионалните прашања, изјавил портпаролот на ЕУ за агенцијата „Танјуг“.

Во Европската комисија додавааат дека комесарот Хан во Белград ќе допатува директно од Скопје, каде ќе се состане со претставници на властите и опозицијата.